Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јуни 2014 година изнесувала 741.313.000 денари, што е за 15.2 отсто помалку во споредба со јуни лани, соопшти Државниот завод за стистистика.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 12.4 проценти, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 29.2 отсто.
Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи е забележано кај житата, индустриските растенија, алкохолните пијалаци, живината и јајцата и млекото, додека зголемување е забележано кај градинарските и фуражните растенија, овошјето, добитокот, млечните производи и рибата.