Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јули годинава изнесува 998.346.000 денари, што претставува намалување за 13,2 проценти во споредба со јули лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 7,1 проценти, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 24,9 проценти.
Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи статистиката регистрира кај житата и овошјето, додека кај сите други земјоделски производи се забележува зголемување.