Во Хрватска цвета нов бизнис – извоз на стари мобилни

Од:

Најголемиот дистрибутер на мобилните телефони во Хрватска „Мобис’“ договори стратешка соработка со британската компанија „Corporate Mobile Recycling“ (ЦМР) благодарение на која е овозможен извоз на стари телефони преку Велика Британија и Танзанија и други африкански, но и латиноамерикански и азиски земји.

„Мобис“ претходно покрена сервис за рециклажа „Фоунбенк“, благодарение на кој ја извршува оваа работа.

Британскиот партнер има мрежа од девет европски земји и месечно откупува повеќе од 80 илјади дотраени мобилни телефони. Со тоа не само што се остварува заработувачка, туку се помага и во зачувувањето на животната средина.

Директорот на загрепскиот сервисен центар „Мобис електроник“ Жељко Павлаковиќ истакнува дека можноста за предавање на рециклање на мобилните телефони им ја нуделе исклучиво компаниите, а сега старите мобилни се откупуваат и од граѓаните.

– Приходот во тој сегмент се остварува исклучиво преку соработка со британскиот ЦМР и другите партнери за рециклирање, немаме субвенции од Фондот за заштита на животната средина и енергетската ефикасност, нагласи Павлаковиќ.

Во Хрватска во моментов граѓаните користат над шест милиони мобилни телефони, а годишно на рециклирање се испраќаат само неколку десетици илјади мобилни телефони. Преостанатите воглавно се препродаваат, завршуваат во отпад или граѓаните ги користат како резервни апарати.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин