Во ХЕ„Шпилје“ за шест месеци произведени 69 милиони киловат часови струја

Од:

И покрај неповолната хидрологија на дебарското сливно подрачје, кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, во периодот јануари-јуни годинава, со целосна оптимизација на сите производни капацитети, во Хидроелектраната „Шпилје“ остварени се добри производни резултати.

Ова го потврдуваат надлежните, додавајќи дека во овој значаен елекроенергетски објект во првите шест месеци од годинава произведени се 69 милиони киловат часови електрична енергија.

– Тоа претставува остварување за 26 отсто на годишниот план, кој е проектиран на 275,5 милиони киловат часови електрина енергија. Исполнетоста на акумулацијата е 85 проценти, што значи има одлична резерва за производство на над 37 милиони киловат часови. Што се однесува до средниот дотек на вода во акумулацијата, тој се движи до 30 метри кубни вода во секунда, велат надлежните.

Според нив, со добра хидрологија во втората половина од годинава, како и со постојната резерва, не е исклучено „ Шпилје“ да го реализира годишниот план во согласност од потребите за електрична енергија.

Би можело да ве интересира

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори

Кој ќе ги снабдува граѓаните со струја ќе се знае од крајот на април: Комисијата се уште не закажува наддавање

Орце Костов