Во ХЕЦ „Шпилје“ за пет месеци произведени 69 милиони киловат-часови струја

Од:

Во ХЕЦ „Шпилје“ кај Дебар, во првите пет месеци од годинава произведени се 69 милиони киловат часови електрична енергија, благодарение на поволната хидрологија присутна, посебно во април и мај, како и подготвеноста на електромашинската опрема да ги прими и преработи сите количини на вода.

– Ако до крај на март поради сушната зима имавме релативно низок водостој и акумулацијата беше исполнета под 50 отсто, дождовите во април и мај поволно влијаеа врз заголемување на дотеците и значително ја подобрија хидролошката состојба. Имаме одличен водостој за овој период од годината што гарантира стабилно производство во текот на летниот и есенскиот период, велат од ХЕЦ „Шпилје“.

Моментно акумулацијата „Дебарско Езеро“ е исполнета околу 91 отсто и има резерва на вода за производство на над 36 милиони киловат часови електрична енергија. Нивото на акумулацијата изнесува 570 метри или уште два метра до максималната кота, но присутен е тренд на опаѓање на водостојот поради намалување на дотеците.

Електраната е во солидна состојба и произведува во согласност со потребите на електро-енергетскиот систем на Република Македонија. Солидната резерва гарантира уште една добра производна година во овој значаен електро-енергетски објект, каде годишниот план предвидува проиводство на 282 милиони киловат часови електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Ќе се гради хидроцентралата Чебрен за една милијарда евра: Владата донесе одлука која се чекаше 30 години

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Со браната „Конско“ обезбедуваме одржливо земјоделство за зголемено домашно производство на храна

Ана Ололовска

Тендерската постапка за ХЕЦ Чебрен влегува во втора фаза

А1он

На малите хидроелектрани им биле уплатени 41 милион евра повеќе поради повластени тарифи

Ана Ололовска

ВИДЕО: Објавен јавен повик за изградба на ХЕ Чебрен по пат на јавно-приватно партнерство

Ана Ололовска

Анѓушев: Во финална фаза подготовките за објавување тендер за изградба на ХЕЦ Чебрен преку ЈПП

Ана Ололовска