Во ХЕЦ „Шпилје“ за два месеца произведени над 51 милион KWh струја

Од:

Хидроцентралата „Шпилје“ кај Дебар, продолжува со позитивното производство, кое е континуитет на ланското рекордно производство на електрична енергија.

– Во првите два месеца од оваа календарска година, ХЕЦ Шпилје испорача над 51милион киловат часови електрична енергија што претставува 19 отсто од вкупно планираното производство за годинава. Како резултат на поволната хидрологија, во акумулцијата „Дебарско Езеро“ има резерва на вода за производство на 32 милиони киловат часови, велат надлежните од ЕЛЕМ.

Според нив, моментно дотекот на вода од реките Радика и Црн Дрим, во акумулацијата „Дебарско Езеро“ изнесува 62 метри кубни во секунда.

Како резултат на поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје и навреме извршените ремонти и ревизии на електомашинската опрема, во „Шпилје“ лани беа произведени 314 милиони киловат часови електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Ќе се гради хидроцентралата Чебрен за една милијарда евра: Владата донесе одлука која се чекаше 30 години

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Со браната „Конско“ обезбедуваме одржливо земјоделство за зголемено домашно производство на храна

Ана Ололовска

Тендерската постапка за ХЕЦ Чебрен влегува во втора фаза

А1он

На малите хидроелектрани им биле уплатени 41 милион евра повеќе поради повластени тарифи

Ана Ололовска

ВИДЕО: Објавен јавен повик за изградба на ХЕ Чебрен по пат на јавно-приватно партнерство

Ана Ололовска

Анѓушев: Во финална фаза подготовките за објавување тендер за изградба на ХЕЦ Чебрен преку ЈПП

Ана Ололовска