Во Германија литар бензин наскоро може да чини 2,5 евра

Од:

Поради украинската криза, цените на горивата ширум светот постојано растат, како што е случајот во Германија, каде што возачите треба да платат повеќе од две евра за литар бензин и дизел.

На голем број бензински пумпи цената на бензините веќе е над две евра.

Така, на пример, во Минхен, на бензинската пумпа, типот на супер Е10 чини 2.129, а супер плус 2.259 евра за литар.

Експертите посочуваат дека не се гледа крајот на поскапувањето на нафтените деривати.

Економистот од Дизелдорф проф. Јустус Хаукап за „Билд“ изјави дека сегашната цена на нафтата на светскиот пазар од 140 долари не е крај на растот, туку дека ќе достигне 200 долари.

„А, кога ќе порасне цената на суровата нафта, тогаш ќе порасне и цената на нафтените деривати на бензинските пумпи. На тој начин цената на бензинот ќе достигне 2,50 евра за литар“, прогнозира германскиот економист.

Штефен Бок, основачот на страницата за споредба на цената на горивото на бензинските пумпи „clever-tanken.de“, исто така истакнува дека зголемувањето на цената на горивото на 2,50 евра веќе не може да се исклучи.

Експертот за социјални прашања на ЦДУ, Марк Бјадац во врска со тоа бара намалување на ДДВ од 19 на седум отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шолц: Правото на азил е составен дел на германскиот правен и вредносен систем

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Напаѓач со нож уби маж и дете, а рани неколкумина во Германија

Горан Наумовски

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени