Во Делчево за субвенции пријавени 270 земјоделци

Од:

Вкупно 270 земјоделци од Делчево поднеле барања за субвенции за 2017 година, информира Подрачната единица (ПЕ) на Министерството за земјоделство, шумарство и водосопанство.

Според раководител на ПЕ Блаже Костадиновски, најголем број од пријавените земјоделци се овоштари.

– Пријавувањето завршува на 15 септември. Ги повикуваме земјоделците кои го остваруваат правото на поддршка да се јават до ПЕ во Делчево, со лична карта, сметка од банка и соодветна потврда, за навреме да се изврши аплицирањето и да се избегнат гужвите карактеристични секоја година, последните денови од истекувањето на рокот за пријавување, истакна Костадиновски.

На територијата на двете оштнини, Делчево и Македонска Каменица, околу 2000 земјодлеци, претежно овоштари, имаат право на субвенционирање.

Би можело да ве интересира

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски