Во Дебарско за субвенции аплицирале над 400 земјоделци

Од:

Повеќе од 400 земјоделци од општините Дебар и Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, досега доставиле барања за субвенции во Подрачнатата единица на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар.

Арбен Муладаути, раководител на подрачната единица, верува дека бројот на барања ќе биде поголем бидејќи се дава можност за аплицирање и по електронски пат.

Рокот за доставување барања, посочува тој, е продолжен до 15 јуни, па се надева дека дотогаш сите заинтересирани земјоделци ќе достават барање за финансиска подршка и оти сите потребни информации може да ги добијат во Подрачната единица каде на земјоделците им помагаат и во пополнување на барањата.

– Благодарение на финансиската поддршка што ја дава државата, во последните години зголемени се обработливите површини, како и бројот на стада овци. Така, на пример, стадата овци се двапати побројни и сега има над 40.000. Освен што се зголемуваат обработливите површини во индивидуана сопственост, се зголемуваат и површините земени под концесија, а се во државна сопственост и тие сега изнесуваат 134 хектари, изјави Муладаути.

Последните години во просек годишно, субвенции, добиле околу илјада земјоделци со вкупен износ од околу милион евра.

Би можело да ве интересира

Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното

А1он

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски