Во четврток почнува исплатата на субвенциите за тутунот

Од:

Во четврток ќе почне исплатата на субвенциите за тутунот од реколатата 2017, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Платежната агенција во моментов ги подготвува решенијата по што ќе следува исплатата на субвенциите.

Според податоците, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари.

МЗШВ наведува дека годинава се постигна највисока просечна цена од 217,6 денари за килограм.

– Со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа што почнува со реколтата 2017, за прва класа субвенцијата е 80 денари, за втора 70, а за третото ниво за трета и четврта класа како и за дополнителни класи е 60 денари, информира Министерството.

Целта на новиот модел на субвенционирање е да се поттикнат тутунарите да произведуваат поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција.

Тутунопроизводството во Македонија остварува девизен прилив од околу 100 милиони евра годишно.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Неготино заплени 283 килограми тутун

Горан Наумовски

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски