Во август годинава 184 одобренија за градење, за 12,4 проценти помалку од август лани

Од:

Во август годинава се издадени 184 одобренија за градење, што е за 12.4 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Најмногу издадени одобренијаза градење има во Полошкиот регион, 43, по што следат Скопскиот со 34, Источниот со 28, Пелагонискиот со 25, Вардарскиот и Југозападниот со 14, односно 13.

Според издадените одобренија за градење во август годинава, предвидената вредност на објектите изнесува 3.173.512.000 денари, што е за 36,4 проценти повеќе во однос на август минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 112 (60,9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 25 (13,6 проценти) за објекти од нискоградба и 47 (25,5 проценти) за објекти за реконструкција.

На 105 објекти (57,1 процент) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 79 (42.9 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 582 станови, со вкупна корисна површина од 42.943 метри квадратни. Најмногу нови станови, 359, ќе се градат во Скопскиот регон, од кои 167 се во Општина Гази Баба, 140 во Општина Центар, а 40 во Аеродром.Во Југозападниот регион е предвидена изградба на 92 стана, од кои 82 во Дебар.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он