Во август 155 одобренија за градење

Од:

Во август годинава се издадени 155 одобренија за градење, што е за 10,7 проценти повеќе во однос на август лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Предвидената вредност на објектите, според издадените дозволи, изнесува 904.534.000  денари што е за 54,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Најмногу одобренија, 44, во август се издадени во Скопскиот регион,  каде Општина Центар издала 15, Карпош и Петровец по 8, Чучер Сандево 6…. По Скопскиот следат Полошкиот регион со 33, Источниот со 23, Југоисточниот со 16, Пелагонискиот со 14, Североисточниот со 9 одобренија за градење.

Од вкупниот број издадени одобренија, 100 (64,5 проценти) се наменети за објекти од високоградба,  11 (7,1 процент) за нискоградба и 44 (28,4 проценти) за објекти за реконструкција.  Кај 114 објекти (73,5 проценти) инвеститори се физички лица, на 41 објект (26,5 проценти)  деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 165 станови, со вкупна корисна површина од 15.327 метри квадратни.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он