Во април зголемен бројот на работници во индустријата

Од:

Бројот на работници во индустријата во април е зголемен за 0,2 проценти во однос на истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст на бројот на работници за 8,5 проценти е забележан во секторот Рударство и вадење камен и за 2,1 процент во секоторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Намалување на бројот на работници од 0,6 проценти има во секторот Преработувачка индустрија.

Според главните индустриски групи, пораст на бројот на работниците во индустријата има кај Енергија за 7,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 проценти, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,7 отсто, Капитални производи за 3,5 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,9 отсто.

Во периодот јануари – април во однос на истиот период минатата година има зголемување на бројот на работници во индустријата за 0,7 проценти.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта им фрла трошки на работниците со покачување од срамни 1.800 денари

Тешко повредена работничка во Кочани

Стапката на невработеност 12.3 отсто

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Тешко повреден работник во фабрика во Пробиштип

Ристески: Работниците немаат никакви права во приватниот сектор, со овој притисок ќе избегаат од Македонија

Горан Наумовски