ВМРО-НП: Бранот на ДПМНЕ го снема, се појави бран на поскапувања

Од:

„Владеачката партија ДПМНЕ секогаш кога треба да го оттргне вниманието на граѓаните од своите неодговорни и штетни одлуки кои ни донесоа само сиромаштија и мизерија, поскапувања и задолжувања, невработеност и пропаст на индустријата и стопанството, смислува и бомбастично најавува проекти со чудни имиња. Така и НОВИОТ БРАН како популистичка реклама и предизборна кампања уште пред да се разбранува го снема“.

Ова го кажаа од ВМРО Народна кои прашуваат дали е награда или казна замената на директорската фотеља на Горгиевски од Агенцијата за катастар и недвижности во Агенцијата за државни патишта?!

„Очигледно е добар СУРФЕР и брановите не му се проблем, па тој останува на врвот.

Прашуваме дали ЕЛЕМ има или нема директор?!.Или пак Г-динот Влатко Чинговски е незаменлив зошто има големи познавања и е експерт за тргување со струја, разни зделки и нелогични постапки кога станува збор за ЕЛЕМ, РЕК Битола и слично“, рече портпаролот на ВМРО Народна, Билјана Јовановска.

Според неа, наместо искусен дипломат за амбасадор во Хрватска владеачката ДПМНЕ ја испрати сопственичката на “Панада” Даниела Караѓозова.

„Нивниот БРАН не зафати ниту еден актер со главна улога во приказната, туку само оние кои имаа мали и споредни улоги. Тоа беа неколку директори на Основни училишта и Градинки , како и неколку претседатели на нивните ОК, кои се само резултат на растурено трио на ДПМНЕ, во дадени општини . Па така заминаа само оние кои не беа послушници и извршители на барањата и желбите на градоначалниците и пратениците од власта.

А можеби БРАНОТ придонесе во ДПМНЕ да почуствуваат недостиг од квалитетни кадри за замена, па мораше да купуваат нови кадри од опозицијата!

Функционерите на ДПМНЕ не, но граѓаните ги зафати и тоа ГОЛЕМ БРАН од поскапувања на струја, парно, храна.“, рече Јовановска

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори