ВМРО-ДПМНЕ: Kога СДСМ беше на власт Македонија беше на дното на полето на странски инвестиции

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов кој побара да се објави текстот од договорот со индискиот инвеститор Субрата Рој, прашува зошто опозициската партија „реагира панично ако некој сам изјавува дека сака да инвестира во државата?“.

–  Наше е да се бориме за инвестиции, а на крај одлуката е на инвеститорите. СДСМ со ваков однос само покажува дека продолжува со деструктивниот однос и празна критика кон било што, оценува во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ посочува, има најмал кредибилитет да зборува за странски директни инвестиции.

– Такви во нивно време скоро и да немаше. Во времето кога СДСМ беше на власт Република Макдонија беше на дното на полето на странски инвестиции со речиси ниту една поголема странска инвестиција. Кога СДСМ беше носител на власта, Македонија беше заобиколувана од странските инвеститори. Тогашните влади не работеа ништо околу нивно привлекување во земјава. За каква корупција зборува Шилегов кога денес продажбата на земјиштето оди преку тендерска постапка, нешто што воопшто не постоеше додека СДСМ беше на власт, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не донеле инвестиции, туку сиромаштија и ги затвориле фабриките кои претходно работеле.

– Ниту еден инвеститор не посетија, а не пак да го убедат да инвестира.

Петре Шилегов кој сега сака да се покаже како голем душегрижник во тоа време учествуваше и бранеше сомнителни купопродажби на земјишта како член на второстепена владина комисија, се вели во реакцијата.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, се додава,  се бори за секоја инвестиција која ќе отвори нови работни места и ќе го подобри животот на граѓаните.

– Од 2007 до 2012 година Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ донесе странски инвестиции во износ од 1.550 милиони евра што е за 600 милиони евра повеќе од сите досегашни Влади предводени од СДСМ.

Откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт во Македонија се отворија голем број фабрики како што се Џонсон Контрол, Џонсон Мети, Кромберт и Шуберт, Кемет Елетроникс, Ван Хол, Дрекслер Мајер, Техно Хозе, Агрокор и уште многу други помали фабрики со странски капитал. Мораме да потенцираме дека Владата на Република Македонија успеа да ги донесе овие гиганти во светска и економка криза за разлика од времето кога СДСМ владееше и не се соочуваше со овие глобални проблеми и пречки, истакнува ВМРО-ДПМНЕ и додава дека тој број на странски директни инвестиции придонел за отворање илјадници нови работни места за македонските граѓани, за заживување на македонската економија и за зголемување на извозот во државата.

Би можело да ве интересира

За германските компании бизнис климата во земјава е добра, благ пад на планираните инвестиции

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов