ВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДС невработеноста беше 38 отсто, ние ја намаливме на 24

Од:

„СДС е политичка партија која нема никакво право да зборува за невработеноста и за економијата во Република Македонија.

СДС е партија која народот ја памети единствено по уништувањето на македонската економија за сметка на личниот интерес на нивната врхушка. Олигарсите на СДС затворија над 684 фабрики и оставија над 200.000 граѓани на работ на егзистенцијата.

Во време на владеењето на СДС невработеноста достигна високи 38%, благодарение на нивните лични интереси и погубните политики кои ги спроведуваа. Граѓаните единствено ја паметат СДС по празните ветувања, кои останаа синоним за уништување на државата и просперитетот на граѓаните.

За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја намали невработеноста од рекордни 38% кои ги затекнавме од СДС, на ниски 24%.

Политиките за вработување кои ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ, активните мерки за вработување на млади лица до 29 години, оперативните планови за самовработување, грантовите за иновативни бизниси, проектите Македонија вработува и Македонија вработува 2, поволностите за отворање нови бизниси, политиките на привлекување на странски инвестиции се само дел од проектите кои придонесоа за успешно намалување на невработеноста за цели 14%.

Над 160.000 граѓани благодарение на успешните политики и проекти на ВМРО-ДПМНЕ добија прилика да се вработат. СДС со својата деструктивност и лажни ветувања ја носи државата неколку пати до работ на бездната. Нивното анти-државничко делување ќе остане во аналите на историјата како црна дамка со која ќе се срамат сите идни генерации.

ВМРО-ДПМНЕ е победник на изборите од 11-ти декември 2016 година, а ќе победи и на наредните избори од кои СДС се плаши“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов