ВМРО-ДПМНЕ: Укинувањето на приватноста на сметките ќе ги направи граѓаните потенцијална мета на уцени

Од:

„Укинувањето на приватноста на банкарски сметки власта на Заев дополнително ќе ги оданочува извозниците на интелектуален труд и ја загрозува приватноста на граѓаните.

Укинувањето на приватноста на сметките ќе ги направи граѓаните потенцијална мета на уцени, закани и други криминогени дејанија на структури блиски до власта. Со ваквото законски решение СДСМ уште еднаш бескурпулозно го крши Уставот на Република Македонија поточно членот 25 со кој „На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот.“

Воедно една од клучните цели на оваа одлука на владата е да се оданочат оние кои продаваат интелектуален труд по светот односно ИТ интернет услуги, преводи и други трудови. Со ова дополнително ќе се оданочи структурата на граѓани која прави извоз со минимално користење на домашните кавни услуги за кои плаќа.

Овие законски измени се единствено резултат на стравот и паранојата на Зоран Заев и СДСМ од сопствените граѓани. Страв кој е резултат на противењето на граѓаните на штетните антидржавни политики кои ги спроведува СДСМ.

Зоран Заев досега покажа дека единствено го интересира зачувувањето на својата фотелја бидејќи знае дека во моментот кога ќе падне од власт и ќе ја изгуби контролата врз правосудството ќе мора да одговара за своите и криминалите на своите сопартијци. Денот кога во државата ќе се врати правдата и правната држава Македонија ќе победи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Eврокомесарката Кос потврди дека нема гаранции дека ова се последните бугарски барања

Катерина Ѓуровски

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

ДПМНЕ постави партиски ветеран бугарофил за член на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП