ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот на буџетот се предлага задолжување за дополнителни 48,3 милиони евра кон домашни доверители

Од:

Соња Ѓелова Стојанова денеска во изјавата за медиумите кажа дека ребалансот на буџетот предложен од владата на СДСМ било врв на лицемерието на Зоран Заев и неговата влада.

– Партијата СДС, Драган Тевдовски и Зоран Заев кои со месеци и години наназад беа загрижени дека државата е задолжена, сега предлагаат ребаланс на Буџет во кој предвидуваат поголемо задолжување на државата до крајот на годината за 150 милиони евра. Ова значи дека освен планираните задолжувања на државата, антиреформската влада на СДС планира за само 5 месеци до крајот на буџетската години да ги задолжи граѓаните за нови, односно дополнителни 150 милиони евра?!, запраша Стојанова.

Според неа, во ставката домашно задолжување владата на СДСМ планирала наместо 17,8 милијарди денари да се задолжи со 20,7 милијарди денари. Како што кажа Стојанова, ова значи дополнителни 48,3 милиони евра повеќе задолжување кон домашните доверители.

– Во ставката задолжување кон странство Владата на СДС планира наместо планираните 12,3 милијарди денари да се задолжи со 18,4 милијарди денари. Ова значи дека станува збор за дополнителни 100 милиони евра повеќе задолжување кон странски доверители, рече Стојанова.

Како што кажа таа, СДСМ ветуваше дека нема да се задолжува, а сега со ребалансот им најавува на граѓните дека за само 5 месеци ќе го зголеми планираното задолжување за речиси 150 милиони евра. Стојанова додаде дека нема апсолутно никакво објаснување за што ќе се трошат овие средства.

– Граѓаните со право се прашуваат зошто СДС планира да го зголемува долгот, а притоа не нуди конкретни проекти во интерес на народот, заврши Стојанова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС без компас, тотално се изгубија на политичката мапа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко Филипче немаат идеја, креативност, визија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче јавно да се оградат и да го осудат говорот на омраза на Сашо Орданоски

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

ВМРО-ДПМНЕ: Треба добро да се прочешла имотот на дежурните судии кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица