ВМРО-ДПМНЕ: Со новиот Буџет за 2018-та лагите се ставени и на хартија, а пратениците на СДС ќе ги гласаат

Од:

„СДС ги лаже граѓаните.

СДС ветуваше се и сешто, но со новиот Буџет за 2018 година кој е најголемиот досега, лагите се ставени и на хартија, а пратениците на СДС ќе ги гласаат.

Пари за патни трошоци и расипништво на Заев и неговите функционери ќе има како никогаш досега, но ќе нема пари за повисоки плати на полицијата. Пари за стоки и услуги ќе има како никогаш досега, но затоа ќе нема ослободување од даноци на ситните земјоделци кои ќе плаќаат и повисоки акцизи.

Повеќе пари за невладините организации ќе има, но затоа ќе нема пари за проектите со кои Заев ги лажеше граѓаните само да го добие нивниот глас.

СДС на граѓаните над 65 годишна возраст им вети пензија проект доколку живееле над 20 години во Македонија. Во Буџетот за 2018 таков проект не е предвиден.

Неодговорниот Зоран Заев ги излажа овие граѓани кои се надеваа дека од државата ќе добијат државна пензија, а не го оствариле правото на пензија преку стаж.

СДС и Зоран Заев ветуваа живот за сите, а граѓаните гледаат само живот за Заев, Вице, Анѓушев и криминалниот клан околу нив.

Граѓаните гледаат дека власта бескрупулозно се злоупотребува само за богатење на криминогената врхушка на СДС и фирмите кои ја помагале партијата.

Лагите на СДС се гледаат и веќе не можат да поминат. Откако Заев ќе замине од власт, ќе се врати правдата, а сите што сториле криминал ќе одговараат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он