ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ расипнички управува со парите на граѓаните

Од:

„СДСМ расипнички управува со парите на граѓаните, несразмерно и неосновано се задолжува, а притоа целото стопанство пропаѓа.

Земјоделието е гранка која најмногу трпи штета од неспособноста на власта предводена од Зоран Заев. Откако СДСМ е на власт нема земјоделска култура која имаше непречен откуп. Во изминатиов период откуп немаше за оризот, доматите, бостанот, праските, пченицата, а сега нема и за сливите. Илјадници земјоделци не знаат како да ја преживеат годината.

20.000 тони слива од цела држава скапуваат по нивите, а Заев и Николовски мува не ги лази.

За штетите во земјоделието главен виновник е СДСМ и нивната неспособност да обезбедат откуп. Зоран Заев од опозиција ветуваше обезбеден откуп и загарантирана цена, тој им ветуваше на земјоделците дека ќе донесе откупувачи кои ќе се тепаат кој повеќе да откупи, сега не само што не се тепаат, туку откуп нема.

Зоран Заев ги излажа земјоделците. Илјадници земјоделци мака мачат што да прават со родот и како да ја преживеат годината. Доколку не го продадад годинешниот род под знак прашање се става и нивната производствена способност за идната година. Последиците кои ќе прозлезат од откупната криза оваа година ќе имаат далекусежни последици.

Зоран Заев и СДСМ се директно одговорни за сите последици кои ќе настанат како резултат на кризата со откупот.

Зоран Заев и СДСМ се неспособни да управуваат со земјоделието и државата воопшто. Земјоделците и сите граѓани во Република Македонија не се должни да ја трпат неспособноста на власта. СДСМ мора да си замине“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ