ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ континуирано ја задолжува државата

Од:

„СДСМ континуирано ја задолжува државата, а пари за граѓаните има се помалку. Расипништвото на власта ги чинеше граѓаните нови 6.6 милиони евра.

Со СДСМ на власт јавниот долг надмина 5 милијарди евра, а државниот 4 милијарди. Власта се задолжува, а граѓаните не знаат за што се трошат стотиците милиони евра.

И додека товарот за идните генерации е се поголем и сегашните тонат. Платите во јуни се помали од тие во мај.

Субвенциите за земјоделците се намалени, а откуп на произведеното нема. По доматите, бостанот, пченицата, откуп нема и за сливата, со што над 20.000 тони сливи скапува на нивите, а илјадници земјоделски семејства не знаат како ќе ја преживеат годината, но затоа власта наоѓа стотици илјади евра за авторски договори и хонорари.

Војската работи во најлошите услови од осамостојувањето, пари за нови инвестиции нема, но затоа има пари за поддршка и промоција по телевизии на капитулантскиот договор за промена на името, кој го потпиша Заев. Тендерот за набавка на нови униформи го укинаа, нови чизми нема, храната што се служи во касарните е слаба, а организиран платен превоз стана мисловен поим, па илјадници војници секој ден мислат како ќе стасаат на време до нивното работно место.

Целото општество е во стагнација. Со СДСМ нема напредок. Со СДСМ државата оди само назад. Оваа власт мора да си замине“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ