ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Тевдовски со манипулации и лаги се обидуваат да ја покријат платформата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Драган Тевдовски од СДСМ.

„СДС и Тевдовски се обидуваат со истите манипулации и лаги од изборите да ја покријат Тиранската Платформа, која не само што ја прифатија, туку и почнаа да реализираат.

Денес Тевдовски покажува лажно душегрижништво. Полна му е устата за работниците и нивниот стандард, а кога неговата партија имаше шанса нешто да направи во стопанството.

Каде беше Тевдовски и СДС кога во време на нивното владеење невработеноста достигна рекордни 39%?

Каде беше Тевдовски и СДС кога просечната плата не беше повисока од 12 илјади денари, а поголемиот дел од работниците земаа по 5-6 илјади денари плата, која им беше исплаќана со задоцнување?

Каде беше Тевдовски и СДС кога бегаа од гласање закон за минимална плата, иако ја ветуваа пред избори?

Каде беше Тевдовски и СДС кога се затворија 684 фабрики, а 200 илјади работници останаа на улица?

Каде беше Тевдовски и СДС кога нивната партија ги погреба текстилните и кожарските комбинати, а семејствата на вработените беа оставени без перспектива и егзистенција?

Каде беше Тевдовски и СДС да се погрижат за оваа армија стечајци која ја создадоа и нивниот стандард?

Дури и сега Тевдовски и СДС нудат парцијални решенија, што ќе ја вратат економската катастрофа која секогаш се појавува од погрешните политики на СДС. Фондот кој го ветува СДС е уште една голема лага, како што беше вработување по еден човек од секое семејство.

Граѓаните многу добро знаат кој и колку направил за работниците, во секој сектор, кој ја покачил платата и стандардот, кој има зад себе конкретни дела, а кој лажни ветувања.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема поддршка од граѓаните и затоа ВМРО-ДПМНЕ има 11 изборни победи по ред“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов