ВМРО-ДПМНЕ: СДС го врати нивото на земјоделски субвенции на нивото во 2013 година

Од:

„Со секој поминат ден граѓаните се повеќе воочуваат дека се жртва на предизборните лаги на СДС. СДС пред да дојде на власт ветуваше 160 милиони евра субвенции, за сега во предлог буџетот за 2018 година за субвенции да одвојува само 136 милиони евра, односно цели 24 милиони помалку од предвиденото.

СДС краде 24 милиони евра од земјоделците, без да каже на што ќе ги троши парите кои ги зема од земјоделците.

Намалениот буџет за земјоделците значи помалку пари за производителите на храна, кое ќе предизвика помало производство на земјоделски и сточарски продукти од македонските земјоделци, а во исто време ќе го зголеми увозот на тие производи од трети земји.

Намалувањето на земјоделските субвенции ќе направи Македонија од извозник на одредени земјоделски култури да стане увозник, тоа ќе значи згаснување на одредени гранки и голем број на семејства ќе останат без егзистенција.

СДС го врати нивото на земјоделски субвенции на нивото во 2013 година, кога годишно владата исплаќаше 135 милиони евра, бројка која во 2006 година изнесуваше 20 милиони, а во 2016 година порасна на 140 милиони евра, доколку ВМРО-ДПМНЕ управуваше со Република Македонија таа бројка сега ќе изнесуваше 150 милиони со тенденција на раст. Но наместо раст земјоделците имаат пад.

СДС крати од субвенциите, но нема ни пари за зелената нафта, а нејасно е од кои пари ќе се формира и ветениот „интервентен фонд“ кој ќе се испостави како една од редицата лаги на СДС.

Земјоделците видоа дека СДС се што вети излажа. СДС ветуваше живот, а донесе смрт за македонското земјоделство“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС ветуваше 160 милиони евра субвенции, а во буџетот за 2018 година за субвенции да одвојува 136 милиони евра

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стоилковски: Директорите да кажат колку операции и зафати се откажани, одбиени, препратени од Хирургија во овие 15 дена

15-ти ден Хирургија не функционира, државата е парализирана заради неспособноста на СДС и ДУИ обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ почна постапка за избор на нов претседател, во игра се повеќе кандидати

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Преговорите за новата Влада ќе завршат во следните неколку дена

Лукаревска: Ова е прва седница на ЦО по изборниот пораз, најверојатно ќе се отворат многу прашања

Предраг Петровиќ