ВМРО-ДПМНЕ: Потребен е поголем активизам од владата и министерството за конкретна поддршка на земјоделците

Од:

„Земјоделците кои се занимаваат со производство на лубеници, и праски се на самиот раб на егзистенција.

На терен се случува вистински крах на откупот, а Министерот за земјоделие Николовски им порача дека сами од себе ќе се решеле проблемите со откупот.

Ваквата изјава преставува навреда и сол на раните на земјоделците. Ова значи дека земјоделците се препуштени сами на себе и се без поддршка од владата.

Ваквиот индолентен однос нема да ги реши проблемите и е потребен поголем активизам од владата и министерството и нудење на конкретна поддршка на земјоделците.

До сега ниту една мерка која ја предложи Николоски не се спроведе и небеше конкретен одговор на потребите на земјоделците. Земјоделците полека но сигурно наместо партнер, добиваат противник во Владата“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници