ВМРО-ДПМНЕ: Поради СДСМ, РЕК Битола наместо да копа со своја опрема, одвојува милиони за копање на јаглен на приватни компании

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ имаше предвидено проект со кој РЕК Битола ќе набавеше рударска опрема со која ќе можеше самостојно да врши ископ на јаглен без да зависи од недворешен економски оператор.

Стануваше збор за сериозна инвестиција која според направените анализи ќе се исплатеше во наредните 3 години.

Доколку оваа инвестиција не беше оневозможена ќе беа избегнати милионските договори и исплати во четири очи кон надворешни лица. СДСМ го прекина овој проект не водејќи сметка за долгорочните интереси на РЕК Битола“, рече Елена Трајчевска од ВМРО-ДПМНЕ Битола.

„Сега гледаме дека СДСМ ја укинал набавката за да може да се склучуваат милионски договори во четири очи.

Рударската опрема за ископ на јаглен, ќе овозможеше претпријатието да врши ископ со своја механизација и да не одвојува милиони за копање на јаглен на приватни компании.

Зошто е поништена набавката на рударска опрема?

На кого од власта му пречеше набавката на рударска опрема која ќе беше во сопственот на РЕК Битола и ќе значеше финансиски заштеди за претпријатието?

Рударската опрема ќе овозможеше ископ на јаглен, и ефикасна и непречена работа во наредните 15 – 20 години на коповите Брод Гнеотино и Суводол.

Поради неодговорноста на СДСМ, РЕК Битола наместо да копа со своја опрема, одвојува 3 милиони евра за ископ за потребите за нецел месец. Милионски се загубите како на краток, среден, така и на долг рок од непромисленоста на власта.

Власта спротивно на интересот на граѓаните и државата прави набавка за ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола во висина од 3 милиони евра во четири очи.

Никој од власта сеуште не даде одговор дали се испочитувани законските процедури кои предвидуваат државниот орган да даде понуда за склучување на договор со следно рангираната фирма пред да почне преговори во четири очи?

Власта сеуште не одговори колку е разликата од цената што ја имаше второ рангираната компанија која согласно Законот за јавни набавки требаше да го реализира тендерот и цената која граѓаните треба да ја платат со зделките на СДСМ во 4 очи.

Неодговорноста на власта е очевидна. Парите на граѓаните наместо за подобрување на нивниот живот и проекти за развој се расфрлаат за милионски тендери“, изјави Елена Трајчевска од ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Би можело да ве интересира

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Веќе нема да требаат сертификати за странски јазик за директори, ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка на нивните неспособни членови, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски