ВМРО-ДПМНЕ: Парите кои владата има обврска да ги префрли на општините не смее да бидат средство за крпење на буџетската дупка

Од:

„Владата на СДС со лошата економска политика ја води државата кон економски крах, забрзано туркајќи не кон банкрот.

Неодговорното работење на СДС и расипништвото при управувањето со државната каса, почнува да се одразува врз граѓаните и врз нормалното функционирање на единиците на локалната самоуправа.

Владата на СДС минатиот месец без образложение и без легитимен основ на повеќето општини во Република Македонија им скрати од парите кои има законска обврска да ги трансферира на сметка на единиците на локална самоуправа на име на дотации врз основа на ДДВ.

Владата без образложение и надвор од закон скрати 8% од парите наменети на општините Велес, Вевчани и Зелениково, 7.4% за Кочани, 6.6% за Василево. Владата префрлила 7% помалку средства на општините Делчево, Македонски Брод и Крива Паланка, 5% помалку на Маврово Анови, 6% на Чешиново Облешево, дури 16% помалку на Карбинци, додека на Пехчево му скрати 5.88%, 6.5% на Петровец, а на Македонска Каменица 7.5%.

Владата на СДС префрлила помалку средства и кон општините: Демир Капија, Босилово, Новаци, Дојран, Гази Баба, Неготино, Пробиштип, Штип, Чашка и Илинден.

Ваквите кратења на средствата кои владата има законска обврска да ги трансферира на име на општините, со цел прикривање на буџетската дупка, која СДС забрзано ја создава со се поголемото задолжување на државата.

Имено за само 100 дена, СДС не задолжи за енормни 170 милиони евра, а од државните девизни резерви стопи 170 милиони евра. Тоа се над 340 милиони евра задолжени без основ, за кои граѓаните немаат објаснување на што биле потрошени. Тоа се 340 милиони евра кои треба да ги враќаме сите ние и нашите деца, а за кои не знаеме на што биле потрошени.

Парите кои владата има обврска да ги префрли на општините не се и не смее да бидат средство за крпење на буџетската дупка која заради расипништвото на СДС е се поголема. Финансирањето на општините е регулирано со закон и СДС не смее да се обиде да го прекрши истиот.

Граѓаните го гледаат ваквиот неодговорен и расипнички однос на СДС, и токму затоа на 15-ти октомври ќе го казнат СДС“, изјави Ане Лашкоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он