ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за финансии ќе се задолжи со нови 13 милиони евра

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека во вторник Министерството за финансии на аукција на државни записи ќе се задолжи со нови 13 милиони евра.

– Досега од доаѓањето на власт владата на СДС се задолжи за околу 60 милиони евра, а сега со дополнително задолжување износот ќе дојде до 73 милиони евра. Додека беше опозиција СДС аукциите на државните хартии од вредност ги нарекуваа криминал. Сега кога се сместија во фотелји заедно со новинарите кои станаа портпароли по министерствата секој втор вторник распишуваат нова милионска аукција, а коментар по ова прашање од истите тие луѓе јавноста не видела, истакна на прес-конференција Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Целосно е неприфатливо, како што рече, партизирањето и вдомувањето во државни институции на сите учесници во платеничката револуција на СДСМ и СОРОС на товар на граѓаните.

– Од новото задолжување само 290 илјади евра ќе се искористат за враќање на доспеани долгови, што значи повеќе од 12 милиони и 700 илјади евра ќе бидат нов долг на граѓаните на Република Македонија. Тоа ја покажува во целост неодговорноста на СДС, нивната неспособност и нивното лицемерие, нагласи Кузмановска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Веќе нема да требаат сертификати за странски јазик за директори, ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка на нивните неспособни членови, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки