ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со видливи економски резултати и во услови на криза

Од:

Македонија во услови на глобална економска криза изминатите месеци успеа да постигне значителни економски резултати, доколку се имаат предвид економските параметри кои ги постигнуваат земјите од нашето соседство и земјите од ЕУ, кои се нашите најголеми економски партнери. Македонија споредено со нив забележува видливи економсми резултати.

Тоа го наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов.

Според ВМРО-ДПМНЕ, само во првиот квартал годинава економијата бележи раст на БДП за 2,9 проценти, што е четврти најдобар резултат во Европа. Тоа е факт кој има огромно значење и неможе да се одрече, наведува ВМРО-ДПМНЕ. Посочува и дека прв пат по две децении невработеноста се намали на 29,9 проценти, а збирно за годините во кои ВМРО-ДПМНЕ ја носи одговорноста за државата, бројот на нови работни места  е зголемен за 98.553.

– Исто така,  во првите четири месеци од оваа година имаме инвестиции од  73,3 милиони евра што е значително повеќе мерено со истиот период од минатата година. Дополнително, се почесто големи светски фирми пројавуваат интерес за инвестирање во Македонија. Македонија во првите четири месеци од оваа година забележува и видлив пораст на извозот, укажува ВМРО-ДПМНЕ.

Оценува дека тие резултати се плод на издржаната и разумна економска политика што ја води Владата, што е нотирано во многубројни извештаи на ММФ, СБ и други меѓународни институции.

– Очигледно Ванчо узунов ја има добиено партиската наредба да говори и да критикува за се по секоја цена. Тоа впрочем го прават постојано. СДСМ покажуваат огромна малодушност и неможат ниту еден позитивен економски резултат на РМ да го признаат, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов