ВМРО-ДПМНЕ: Лошите политики на СДСМ во земјоделието само ја зголемуваат сиромаштијата

Од:

„Зоран Заев и Љупчо Николовски единствена реформа во земјоделството што ја воведоа е понижување на земјоделците.

Заев ги излажа земјоделците. Заев и Николовски го клекнаа земјоделието на колена за две години. Земјоделците се жртва на манипулации и лаги на СДСМ. Две години земјоделието само тоне, а земјоделците не можат да ги покријат ни производствените трошоци.

Лошите политики на СДСМ во земјоделието, само ја зголемуваат сиромаштијата, која е во секојдневен пораст.

За стапката на зголемена сиромаштија говори и бројката, дека околу 500.000 граѓани се на прагот на сиромаштија.

СДСМ нема легитимитет да ја води водат државата. Секој сегмент од општеството тоне со оваа неспособна власт. СДСМ мора да си замине, а неговото заминување на власт ќе започне со победа на претседателски избори на Гордана Силјановска Давкова“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ДПМНЕ постави партиски ветеран бугарофил за член на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: За девет месеци општините на ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Катерина Ѓуровски

Сајкоски: Интерпелациите на пет членови на Судскиот совет се клучен момент во борбата за владеење на правото и довербата во институциите

Катерина Ѓуровски