СДСМ: Исплатени долговите кон лозарите, навремена исплата на субвенции кон 80.000 земјоделци

„Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжуваат со вистинска грижа за земјоделците.

Се исправи долгогодишната непревда кон лозарите од Тиквешкиот регион кои не можеа да го исплатат предаденото грозје во приватните винарници „Повардарие” и „Стефани Винарија”.

Државата ги исплати долговите. На над 2.000 лозари од Тиквешкиот регион се исплатени им околу 1,2 милиони евра, со што се реши долгогодишен проблем но и се обезбеди приход кај 2.000 земјоделци за вложување во ново производство на квалитетно грозје.

Истовремено, за само три месеци од годината исплатени се вкупно 40.5 милиони евра субвенции за над 80 илјади земјоделци.

За субвенции за лозови насади беа исплатени околу 9 милиони евра на над 15.000 лозари, на овоштарите за одржување на овошните насади околу 5,5 милиони евра, за одгледувачите на градинарски култури исплатени се 4,4 милиони евра, додека пак за житните култури 5,5 милиони евра.

Исплатата на финансиската поддршка кон земјоделците се одвива непречено, неселективно и навремено, земјоделците ги добиваат субвенциите тогаш кога им се најпотребни.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на политиките кои што обезбедуваат вистинска грижа за земјоделците, унапредување на земјоделството и повеќе пари кај секој граѓанин, во секое семејство“, се вели во соопштението на СДСМ.