ВМРО-ДПМНЕ: Колкава е минималната плата во „Тотал инжинеринг“ и останатите фирми во сопственост на кланот Заеви, но и во фирмите на Анѓушев?

Од:

„Една година од доаѓањето на власт, животот дојде само за Зоран Заев и криминалниот картел околу него. Работниците од ден на ден живеат полошо, а Заеви живеат се пораскошно. Работниците се најбезобразно излажани од Заев и СДСМ.

Заев ветуваше просечна плата од 30.000 денари и 100.000 денари за докторите, а сега со притисоци, закани и уцени бара од фирмите да ја покачеле платата без разлика дали за тоа постои бизнис логика или не, односно дали компаниите остваруваат доволно приходи за да може да си дозволат покачување на платите.

Јавноста ја интересира колкава е минималната плата во „Тотал инжинеринг“ и останатите фирми во сопственост на кланот Заеви, но и во фирмите на Анѓушев? Колку вработени во фирмите на Заеви и Анѓушев имаат нето плата до 18.000 денари? Јавноста треба да знае дали фирмите на Заеви користат и друга помош или ова е начин како да приграбат дополнителни средства од државата?

Односот на расипничката Влада кон работниците, денеска најдобро го отсликаа вработените во „Еурокомпозит“. Лицемерите од своите фотелји од една страна ветуваат помош за фирмите, а од друга страна го убедуваат вработените во „Еурокомпозит“ уште шест месеци да работеле без придонеси.

Срамно!

Наместо да користи закани, уцени и притисоци кон компаниите, Владата е должна да создаде поволен економски амбиент во кој што фирмите би имале подобри услови за подигнување на продуктивноста и остварување на повисок профит, што би значело и подигнување на платите на работниците“, се вели во реакцијата на прес-конференцијата на Зоран Заев која се однесуваше на мерките за компаниите.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски