Владиниот план за економски раст претставен пред кумановските бизнисмени

Од:

Планот за економски раст и Законот за финансиска поддршка на инвестициите денеска беа претставени пред кумановските стопанственици.

Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ пред бизнис заедницата во Куманово најави дека во најскоро време ќе бидат донесени правилниците коишто ја уредуваат постапката за поднесување документи за остварување на правото за финансиска поддршка според овој закон.

Од Кабинетот на министерот Шапуриќ информираат дека менаџерите на компаниите ги претставиле проблемите со кои се соочуваат при работењето и плановите за иден развој. Во тој контекст, од страна на компанијата БДА Компани била презентирана нова современа лабораториска опрема која треба да биде акредитирана за испитување на сите прехранбени производи и пијалоци.

Покрај средбите со кумановските фирми, министерот Шапуриќ оствари средба и со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Во состав на владината делегација беа и државниот секретар во Министерството за економија Зоран Павловски и директорот на Агенцијата за поддршка на претприемништвото Иле Митковски.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана