Владина поддршка од 90 милиони денари за рибарството и аквакултурата

Од:

Рибарството и аквакултурата годинава ќе добијат финансиска поддршка од 90 милиони денари. Според усвоената програма на вчерашната владина седница, ова е највисока финансиска годишна поддршка во оваа област.

– Со ова упатуваме јасна порака за нашата доследност во делот на земјоделството, но истовремено и порака за сите инволвирани страни во рибарството и аквакултурата дека оваа област ќе продолжиме да ја поддржуваме со уште посилно темпо, рече заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денеска во Демир Хисар, каде оствари средба со претставници на групацијата на рибопроизводители при Стопанската комора на Македонија и здружението на рибопроизводители Аквафортис.

На денешната средба со новинарите беше истакнато дека во 2006 година не биле издвојувани средства за поддршка на рибарството и аквакултурата, во 2009 година државата вложила 43 милиони денари, во 2010 и 2011 година финансиските средства за развој на рибарството и аквакултурата изнесуваа околу 64 милиони денари, а во 2012 година 75 милиони денари. – Ако во 2006 година биле евидентирани околу 400 тони произведена риба, сега се евидентирани повеќе од 1.600 тони произведена риба во Република Македонија, рече Коњановски.

Би можело да ве интересира

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има смена на министри

Катерина Ѓуровски

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала