Владата преговара со Американци кои треба да инсталираат гасни постројки во РЕК Битола

Од:

Транзицијата во РЕК Битола од јаглен во гас кој ќе се користи за производство на електрична енергија ќе биде лесно изводлива, а ЕСМ и Владата веќе имале контакти со американски гигант за производство и инсталирање на такви постројки.

Ова го откри премиерот Димитар Ковачевски од Битола каде што со директорот на ЕСМ, Васко Стефанови и директоорт на ДООЕЛ „Топлификација Битола“, Горан Козаров кои присуствуваа на завршување на градежни работи на топловодот од РЕК Битола до Битола и почеток на активности за изградба на топловодната мрежа низ градот.

– ЕСМ и Владата имаат контакти со американски гигант за производство и инсталирање на постројки за производство на струја од гас, бидејќи транзициското гориво кон целосно обновливи извори на енергија се смета гасот. За таа цел беше комплетно завршено поврзувањто на Битола со гасоводната точка Жидилово и од крјаот на годината ќе започне да се гради и гасоводот со Грција.

Со оглед на тоа дека во РЕК Битола постојат инфраструктура, трафостаници и мрежа, за да може да се инсталириа производство на струја од друг енергенс мислам дека нема да има проблем да се направи таа транзиција. Згора на тоа за неколку години и дополнително ќе се изградат фотоволтаични централи врз старите наоѓалишта на јаглен – изјави премиерот и додаде дека преку гасниот терминал во Александрополис во кој учествува и Македонија, ќе добиваме течен гас од САД.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи

Горан Наумовски

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола

Ќе се бара нова фирма за ископ на јаглен и јаловина за РЕК „Битола“

Левица: Зошто договорот со „Марковски“ беше раскинат и кои се причините за изборот на „Топлина“?

А1он

Фицо го навреди Зеленски, но ја пофали Русија: Оди наоколу и моли, Русите никогаш не не излажале

Предраг Петровиќ

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина