Владата ќе преговара со Хеленик Петролеум, идната година гасовод кон Грција

Од:

Хеленик Петролеум иницира, а Владата со задоволство ќе прифати средба и ќе преговара за нафтоводот, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.

На прес-конференција во Владата, Анѓушев одговарајќи на новинарски прашања соопшти дека преговорите не се почнати, но ќе почнат и за тоа јавноста ќе биде информирана.

– Хеленик Петроелум иницира средба со Владата која ние со задоволство ќе ја прифатиме. Нема да бегаме од никаков разговор, ниту од проблемите кои се наследени, мора да ги прифатиме и да ги решаваме, подвлече вицепремиерот.

Во врска со гасоводот кон Грција информира дека најверојатно активностите ќе почнат и конкретно да се реализираат во втората половина на 2019 година. Веќе постои меморандум за разбирање и тој, како што нагласи Анѓушев, треба да почне да се реализира.

– Меѓународните институции се заинтересирани за финансирање на овој гасовод. Неговата изградба ќе значи конкурентност на снабдувањето со гас, но и можност Македонија да стане транзитна земја. Следната година очекуваме реализација. Сега ќе се прави основниот проект, по што ќе следува и тендер, информира вицепремиерот. Кочо Анѓушев на денешната прес-конференција во Владата.

Би можело да ве интересира

„Гаспром“ е безбеден уште 110 години

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил