Владата ќе помага за полесно користење на новата ИПАРД програма

Од:

Агенцијата за финансирање на земјоделскиот и руралниот развој идната недела ќе распише оглас за кофинансирање проекти од ИПАРД програмата и детално треба да им објасни на земјоделците како може да ги користат овие услуги.

Во оваа програма, како што информира денеска на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, вклучени се три мерки со кои ќе се инвестира во овоштарството, одгледување на зеленчукот и виновата лоза и за изработка на млечните и месни производи.

Владата, нагласи тој, во наредниот период преку медиумите и преку директни средби интензивно ќе им објаснува на земјоделците како да аплицираат за проектите од ИПАРД програмата, со цел поголемо нивно искористување.

За стекнување на правото за користење на овие средства, Ѓорѓиев појасни дека е потребно барање до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Доколку се аплицира за проект помал од 50 илади евра, тогаш неговата целисходност се докажува само со техничкиот проект, но ако се работи за проект над 50 илади евра тогаш целисходноста се докажува со деловен план.

– Субјектот што аплицира треба да покаже можност за континуитет за реализација на неговиот проект во период од најмалку пет години. Треба да бидат исполнети сите услови кон државата и субјектот што аплицира да има во сопственост земјоделско земјиште или да има договор за долгорочен закуп, рече Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Продолжен рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Николовски: Со првиот повик од ИПАРД 3 програмата го срушивме рекордот на интерес кај земјоделците

Над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Предраг Петровиќ

Љупчо Николовски: Објавен првиот повик за ИПАРД 3 програмата

Катерина Ѓуровски

Димковски: ДПМНЕ е криминална партија, проневерила средства и од ИПАРД

Николовски: Објавен нов јавен повик од ИПАРД II, 5 милиони евра инвестициски фонд ставаме на располагање за проекти преку мерката 3

Ана Ололовска