Компании кои произведуваат струја од фотоволтаици аплицирале за субвенционирана струја од ЕСМ продажба, но биле одбиени затоа што имаат сопствено производство на енергија и за нив важеле правилата на слободниот пазар.
Од Стопанската комора велат дека се констатирани слабости при реализација на мерката затоа што идејата на Владата била да се примени што побрзо мерката и притоа државата ги заборавила законските регулативи.
– Слабоста се констатираше слабоста кај компаниите кои имаат вишок на струја имаат системски проблем да се пријават за субвенционирана струја. Од ЕВН рекоа дека ќе се работи тоа многу брзо. Проблемот е што законската регулатива предвидува одредени ограничувања за тие компании кои пуштаат вишок електрична енергија во мрежата. За да не се доведат во нерамноправна положба тие во моментот ја исклучија таа струја – велат од Комората.
Компаниите се подготвени вишокот на струја да го дадат гратис. Компаниите кои имаат вишок струја и ја ставаат во системот на ЕВН, во моментов ја исклучуваат струјата.
– Сите овие компании инвестирале во фотоволтаици за сопствени потреби, но кога за викенд дел од компаниите не работат, прават вишок кој оди во системот на ЕВН. Дизајнот на овие фотоволтаици е за сопствениот процес, не е за продажба – додадоа оттаму.
Приватната компанија ЕВН Хоме реагираше вчера дека поради овие комшании освен договор за снабдување, ЕСМ треба да понуди и договор за откуп на енергија од фотоволтаици, во спротивно не може да ги регулира односите со нив.
„Корисниците кои истовремено се и производители на електрична енергија, а за кои е одбиена промената на снабдувач од страна на Операторот на дистрибутивниот систем, се веќе регистрирани како самостојни учесници на пазарот на електрична енергија. Како такви, тие не подлежат на Правила за снабдување со електрична енергија каде е дефинирана постапката за промена на снабдувач. За овие корисници важат одредбите од Правила на пазар на електрична енергија при што како самостојни учесници на пазар потребно е да ја регулираат балансната одговорност кај маркет операторот МЕМО.
Регулирање на односите на овие корисници со ЕСМ Продажба може да се случи само доколку се направи договор за снабдување, но и договор за откуп на произведената енергија со ЕСМ Продажба“, соопшти ЕСМ.
По направените консултации, договорено е ЕСМ Продажба да понуди одреден модел за да се надмине ситуацијата со производителите на енергија од фотоволтаични системи.