Владата ќе го разгледа дополнетиот предлог за ребаланс на Буџетот

Од:

Владата на Република Македонија денеска (15:00) ќе ја одржи седумнаесетта седница на која ќе биде разгледан дополнетиот Предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, соопшти владината прес-служба.

Дневниот ред за денешната седница предвидува владата да ја разгледа и информацијата на Министерството за финансии за статусот на проектот „Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на персонален данок на доход за граѓаните“ кој го води Управата за јавни приходи.

Пред министрите ќе се најдат и неколку предлози за кадровски решенија, а исто така ќе бидат разгледани и дополнителни предлози и прашања.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Горан Наумовски

Протестите се малициозни и политички мотивирани, нова реакција од Владата на протестите на УПОЗ

СДСМ: Владата итно да обезбеди целосна рамноправност меѓу вработените во јавниот сектор

ВИДЕО: За Владата протестите на УПОЗ се незаконски и политички мотивирани

Катерина Ѓуровски

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Законот ќе биде доработен и вратен во Собрание, најавуваат од Владата по ветото на Сиљановска

Катерина Ѓуровски