Владата ќе го разгледа барањето за увоз на црвена пиперка

Од:

Барањето  од преработувачите на овошје и зеленчук за увоз на  црвена пиперка од соседните земји  во следните денови ќе биде разгледано од владините комисии, а потоа став ќе заземе и Владата, информира денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Одговарајќи на новинарско прашање Ставрески рече дека барањето  откако ќе биде разгледано од комисиите ќе биде ставено на седница на Владата и тогаш ќе се зазеде став.

Преработувачите на овошје и зеленчук  бараат да се дозволат квоти за увоз на црвена пиперка од соседните земји,  бидејќи останале без суровина поради намаленото производство од временските услови и продажбата на домашното овошје и зеленчук на пазарите на големо.

Според  Асоцијацијата на преработувачи на овошје и зеленчук, поради немањето суровина капацитетите се недоволно искористени, а дел од договорените нарачки кон странство се откажани.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

A1on

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on