ВИДЕО: Владата ја замрзна цената на лебот на 33 денари, укината субвенционираната струја за пекарите

Од:

Владата на последната седница ја укина мерката за повластена цена на електрична енергија за производителите на прехранбени производи, а ја замрзна и цената на лебот.

– Јас неоправдано покачување на цените нема да дозволам. Помина доволно време од донесувањето на последниот пакет мерки со кој требаше да се намалат цените. Инспекторатот утврди дека цените се намалени незначително или не се намалени воопшто. Мерката субвенционирана струја за прехрабената индустрија ја укинавме на денешната седница на Влада. Производителите на основни прехранбени производи ќе се снабдуваат со електрична енеергија согласно Законот за енерегетика, рече премиерот Димитар Ковачевски.

– Со втората одлука ја замрзнавме цената на белиот или полубел леб, сечен и на парчиња на 33 денари. За леб со тежина под 400 грама се утврдува цена под 33 денари, додаде тој.

Вчера производителите на леб донесоа одлука дека нема да испорачаат леб во продавниците ако Владата ја замрзне цената на лебот на 33 денари, еден ден откако ќе се објави одлуката во Службен весник.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана