Владата го усвои намалувањето на ДДВ за струјата, ќе се зголемува еднаш годишно и во 2023 пак ќе биде 18%

Од:

Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства, прв соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими во објава на Фејсбук.

Како што наведува Бесими, според измените на Законот за данок на додадена вредност, ДДВ-то за електрична енергија се предлага да се намали од 18 на 5 отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022 и 10 отсто за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година.

-Целта е да им се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија и да се одржи пониска цена на струјата, потенцира Бесими.

Владата вечерва соопшти дека го утврдила текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.

„Според овие предлог измени, данокот на додадена вредност за прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата да се намали од 18 на пет отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022, а за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година даночната стапка за ДДВ за прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата да изнесува 10 проценти. За периодот по 1 јули 2023 година даночната стапка да изнесува повторно 18%“, се вели во владиното соопштение, во кое се додава и дека целта на овие измени и дополнувања на Законот за ДДВ е „со пониски цени на електричната енергија да им се помогне на домаќинствата со намалување на нивните трошоци“.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

СДСМ: Цените не се намалени, власта да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната

Горан Наумовски

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски