Владата го поскапи зеленчукот пред празниците: Краставици и домати по 95 денари

Од:

Од утре ќе се зголеми замрзнатата цена на доматите и на краставиците на 95 денри по килограм, а за 10 денари се зголемува и цената на кромидот. Ова е последната одлука на Владата, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.

Највисоката цена на пиперките ќе биде 100 денари со новата корекција од Министерството за економија, додека леќата ќе се продава најмногу по 110 денари по килограм.

– Забележавме зголемување на увозните цени на гравот, доматите, краставиците и на кромидот. Доставени се пологични фактури за разлика од претходно, но тоа не значи дека ќе завршат контролите.

Зголемување ќе има за доматите, највисока ќе биде цената од 95 денари. Истото важи и за краставиците. Забележавме дека има намалување на цените на јужното овошје. Пиперките се 100, леќата е 110 денари, а сите други производи се под 100 денари. Овие цени ќе важат до крајот на април и граѓаните да бидат спокојни. Цените ќе се корегираат ако има потреба.

Согласно моите информациии Царинската управа ги доставила фактурите до Грција и Турција. Ако ги добиеме нивните одговори од нивна страна, ќе знаеме какви казни ќе има. Ова не значи дека треба да се прават контроли само кај увозниците, туку во целиот синџир како влегуваат тие производи и кај институциите кои го контролираат процесот – рече Бектеши.

Бектеши смета дека по корекциите повеќе нема да се крие овошјето и зеленчукот по магацините и дека ќе се најде во редовна продажба непречено.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за Крешник Бектеши и за 12 други лица во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“

Екс директорот на ДПИ-Горан Трајковски и Бектеши се сослушуваат во Обвинителството

Миланов: Бектеши e задржан во полициска станица поради натамошни проверки

СДСМ: Десетина милиони евра се извлечени од џебовите на народот од страна на големите трговци

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

За 50 отсто поскапена цените на угостителските услуги во владините објекти

Горан Наумовски