Владата го објави повикот за оператори на парно греење на Скопје

Од:

Владата го објави повикот и тендерската документација за оператори за производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија за парно греење на Скопје.

Ќе биде избран оној понудувач кој ќе понуди најголема инсталирана моќност за топлинска енергија и се очекува тоа да бидат фирмите на АД ЕСМ кои се формираа изминатиов месец откако Регулаторна му ги одзеде лиценците на БЕГ.

„Најповолниот понудувач ќе се избере врз основа на критериумот вкупна инсталирана моќност на постројките за производство на топлинска енергија, кои понудувачот ги има во сопственост и/или под закуп. Понудувачот кој понудил најголема вкупна инсталирана моќност на постројките за производство на топлинска енергија ќе биде избран за најповолен.“, објави Владата.

На повикот може да се пријават и група понудувачи со дејност производство, дистрибуција или снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, како и да има кумулативен приход од 2 милијарди денари во последните три години.

“За да се квалификува како способен за вршител на дејност регулирано производство на топлинска енергија од аспект на неговата техничка или професионална способност, понудувачот треба кумулативно да ги исполнува следниве минимални услови:

– да има право на сопственост или на користење на постројки за производство на топлинска енергија кои не се помали од две-третини од вкупната инсталирана моќност на приклучените потрошувачи од подрачјето на град Скопје,

– да располага со технички кадар кој ќе учествува во извршувањето на јавната услуга и тоа: сo најмалку 10 (десет) лица машински или електро инженери со најмалку три години работно искуство во областа на производство на топлинска енергија, и сo најмалку 25 (дваесет и пет) лица со средно стручно образование кои што најмалку три години непосредно ракуваат со енергетските уреди и постројки со кои се врши дејноста производство на топлинска енергија“, се вели во јавниот повик.

Јавното отварање на понудите ќе се одржи на 7 септември во Владата.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада