Владата ги обврза да печат и да доставуваат евтин леб, пекарите денеска ќе кажат што ќе прават

Од:

Во текот на денов се очекува да биде соопштен ставот на пекарите по синоќешната Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, со која производителите на леб се обвзуваат да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството во декември 2022 година.

Одлуката ја сподели министерот за економија Крешник Бектеши на својот официјален фејсбук профил, а, меѓу другото, предвидува и обврска за трговците на мало кои продаваат леб во структурата на дневната набавка на сите видови леб да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена.

-Денеска во Стопанската комора ќе има прес-конференција на која ќе го соопштиме ставот, велат претставници од пекарската индустрија.

Вчера пекарите рекоа дека останува во сила нивната одлука од понеделникот, да не испорачуваат бел и полубел леб во продавниците.

Владата во вторникот ја донесе Одлуката да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб до 450 грама на 33 денари. Причината за оваа мерка, како што објаснија премиерот Димитар Ковачевски и министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски, е неисполнувањето на договореното од страна на компаниите по испораката на субвенционираната струја, како и заштита на „џебот“ на граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата нема решение – ние ќе предложиме вистински мерки за намалување на цените на производите

Горан Наумовски

Ристески: Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените на производите барем за 10 отсто

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

СДСМ: Ние намаливме цени на 500 производи, Мицкоски замрзна маржа на 73, дебакл на Владата

Горан Наумовски

Дурмиши: Цените не се замрзнуваат, маржата се ограничува до 10 отсто

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста