Влада: Спречуваме ценовен шок на енергенсите со мерките за намалено ДДВ и акцизи

Од:

Владата во услови на светска криза и нарушувања на пазарот на храна и енергенси, донесе сет од 26 мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и спречување на ценовен шок.

„Цената на енергенсите на нафта и нафтени деривати на светските берзи се менува на дневна основа, но со одлуките кои Владата ги донесе во однос на скалестото намалување на акцизата и намалувањето на ДДВ, се спречува ценовен шок. Како резултат на сите преземени мерки на Владата донесени во консултација со сите релевантни општествени чинители, во регионот имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати.

Регулаторната комисија за енергетика ја следи состојбата на дневна основа и цената се определува врз основа на методологија која што е пропишана, во однос на цената на нафтата и нафтени деривати“, соопштува Владата.

„Промените на цената на енергенсите на светските берзи на дневна основа се резултат на светските случувања, пред сé воената агресија врз Украина, што влијае исклучително негативно и со далекусежни последици не само врз цената на енергенсите, туку и на цената на храната и останатите основни суровини.

Во таа насока сите мерки кои Владата ги донесе се за справување со овие предизвици и заштита на стандардот на граѓаните. Владата, ресорните министерства и институциите ја следат состојбата и делуваат за зачувување на општата благосостојба во услови на светска криза“, се наведува во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените не се намалени, власта да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната

Горан Наумовски

Со нашиот предлог ќе поевтинат над 250 категории прозиводи вели СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа

СДСМ: Владата нема решение – ние ќе предложиме вистински мерки за намалување на цените на производите

Горан Наумовски

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

Ристески: Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените на производите барем за 10 отсто

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата