Влада: Просечната нето-плата во август зголемена за 11,3 %, достигна 31.871 денари

Од:

Мерките на Владата даваат позитивни резултати за зголемување на просечната месечна-нето плата. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2022 година, изнесува 31.871 денари, што е за 3.229 денари повеќе од истиот месец минатата година, известува Владата.

„Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека зголемувањето на просечната месечна нето-плата за 11,3 % во август годинава, се должи пред сѐ на растот на платите во секторите: Преработувачка индустрија (16,2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16,1 %) и Уметност, забава и рекреација (15,6 %).

Континуираното зголемување на просечната нето-плата е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата која изнесува 18.000 денари.

И во следниот период, Владата продолжува со креирање на мерки и на амбиент за повисоки стапки на економски раст и раст на приходите на сите граѓани, со цел да се унапреди животниот стандард на граѓаните особено во услови на криза“, се наведува во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Просечната нето плата во септември 41.585 денари

Просечната нето-плата во август 41 097 денари

СДСМ: Просечната плата се намалува, потфрлија економските политики на Мицкоски

Тренчевска: Владата потфрли, после 7 години има намалување на просечната плата за 1.000 денари

Просечната нето плата во јули 40.961 денар

СДСМ: Нема повисоки плати за работниците, но има за бизнис класа од 20.000 евра за Мицкоски

Горан Наумовски