Влада: Македонија бележи раст на БДП, на вработеноста и на индустриското производство

Од:

„Објавените податоци на Државниот завод за статистика за бруто домашниот производ за изминатата година покажуваат дека во четвртиот квартал во 2017 година економијата бележи раст од 1.2% и излегува од состојбата на стагнација. Ова е доказ дека се враќа изгубената доверба во перспективите на домашната економија.

Дополнително последно објавените податоци на ДЗС покажуваат и раст на индустриското производство од 8% што претставува уште една потврда дека економската активност се интензивира.

Фактичката состојба којашто ја наследи Владата на Република Македонија по своето формирање беше пад на економијата од 1.3% заради тешка политичка криза предизвикана од политичките блокади, но и заради неодговорното менаџирање со економијата изминатите години.

Новите економски политики, реформските процеси, реафирмацијата на ЕУ и НАТО интеграциски процеси на Република Македонија придонесоа економијата да се стабилизира и да почне да бележи стапки на раст на БДП.

Економската стабилизација се потврдува и со податокот за годишен раст на вработеноста од 1.9% во четвртиот квартал во 2017 година, споредено со истиот квартал во 2016“, се вели во соопштението на Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски