Вкупниот долг на земјите од СФРЈ изнесува 104 милијарди евра

Од:

Републиките од поранешна СФРЈ имаат долгови со вкупна вредност од над 104 милијарди евра, износ добиен со собирање на јавните долгови на сите шест републики, пишува весникот „Вечерње новости“.

Пред распадот во 90-тите години на минатиот век јавниот долг на СФРЈ изнесувал 20 милијарди долари, доека моментално јавниот долг на Србија надминува 24 милијарди евра.

Најзадолжени од поранешните републики во составот на СФРЈ се Хрватска со 37 милијарди евра и Словенија со 30,7 милијарди евра јавен долг.

Долгот на Хрватска надминува 87 проценти од БДП на земјата, додека на Србија тој изнесува 71,8 отсто, а на Црна Гора 54 проценти од БДП. Македонија има јавен долг од 3,26 милијарди евра.

Во регионот најголем долг има Унгарија, што изнесува 83,4 милијарди евра, додека Грција е надвор од конкуренција со 304 милијарди евра или 168 проценти од БДП.

Вкупниот светски долг изнесува 54.600 милијарди евра, а во тој долг уделот на САД е 29 проценти, а на Русија 0,49 отсто.

Држави со најнизок јавен долг се Саудиска Арабија со 1,82 проценти од БДП, Брунеи со 3,28 отсто, Хонг Конг со 6,37 проценти. Најзадолжени се Јапонија со 246 проценти до БДП, пред Грција, а потоа следи Италија со 135 отсто од БДП.

Би можело да ве интересира

Поранешна СФРЈ сè уште е жива во Кочани, титовистите го одбележаа нејзиниот 80. роденден

Ковачевски сака граѓаните да имаат стандард како во времето на СФРЈ: Ќе носам тешки одлуки за ЕУ

A1on

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Продадена зградата на мисијата на СФРЈ во Њујорк за 50 милиони долари, сукцесор е и Северна Македонија

Македонија и Србија ќе делат стан во Трст, наследството од поранешната Југославија

На возраст од 101 година почина поранешниот функционер на СФРЈ Бранко Мамула

Ана Ололовска