Винодонија 2016 – прв вински салон во Скопје

Од:

В петок и сабота во Скопје ќе се одржи првиот вински салон – Винодонија 2016 на кој ќе се претстават 30-тина винарии од регионот и Италија.

Винскиот салон, што е наменет за трговци со вино, вински ентузијасти и љубители на доброто вино, го организира група вински консултанти, судии и ентузијасти, под покровителство на Здружението на сомелиери на Република Македонија.

– Винскиот салон е од едукативен карактер и неговата цел е да се подигне винската култура и дополнително да се развие винскиот регион. Во негови рамки е предвидено и одржување на 10-тина работилници на кои, меѓу другото, ќе се говори и за концептот на спојување вино и храна, рече Звонко Херцег, директорот на Скопски вински салон – Винодонија 2016 на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека се очекува во иднина Винодонија да прерасне во традиционален вински салон.

Александар Вучковски, претседател на Здружението на сомелиери на Македонија, прецизира дека на винскиот салон ќе се претстават девет странски винарии од Србија, Словенија, Црна Гора, Бугарија и Италија со автохтони сорти вино од тие региони, како и повеќе домашни македонски семејни винарии и веќе етаблираните големи винарии.

– Македонија како винска земја залужува поинаков пристап кон виното, односно да дегустурате квалитетно вино и истовремено да добиете информации од произведувачите, рече Вучковски.

Ивана Симјановска, интернационален вински судија, посочи дека ќе има дегустации на прошек и шампањ, спарување на вино и чоколада, предавања за вински маркетинг и како да се зголеми продажбата на вино во ХоРеКа секторот,…

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8