Винарската визба „Винеа“ продадена за „џабе“

Од:

Четириесетина лозари  протестираа пред канцеларија на извршител во Кавадарци. Бараат да не се изврши најавената продажба на винарската визба „Винеа” од Штип .

Винарската визба „Винеа“ е продадена денеска  за  1 милион и 250 илјади евра, информираше Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на лозари, „Агротиквешија“ од Кавадарци.

Тој истакна дека винаријата на лозарите од кавадаречко и росоманско им должи околу 600 илјади евра.

– Според нашите сознанија, винаријата е продадена за ниска цена и од продажбата нема да има пари за да се исплатат побарувањата на лозаропроизводителите. Ќе има пари само за враќање на банкарски долг. Нашите информации говорат дека има разлика во проценките на имотот кои ги извршиле самата винарија, банката и независната консултантска куќа која била ангажирана. Поднесовме приговор на одлуката за продажба до Основниот суд во Кавадарци, па чекаме одговор.Немаме ништо против винаријата да се продаде, но сметам дека прво треба да се расчистат долговите кон лозарите, а потоа винарницата да се продава. Не може да се продава „Винеа” кога лозарите не си ги добиле своите пари., додаде Аризанов

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје